Ја прекинаа серијата без победа

Зајас е лесен залак за Еуромилк

Еуромилк ја прекина серијата од три меча без триумф со рутинска победа против Зајас и се врати во трката за пласман во повисок ранг

објавено: 13 март 2018 - 15:53

Еуромилк ја прекина серијата од три меча без триумф со рутинска победа против Зајас и се врати во трката за пласман во повисок ранг.

Гостите од Скопје апсолутно доминираа и набрзина за само 180 секунди ги разрешија сите дилеми околу победникот. Во 16. минута Лисичани поведоа со 1:0, а веќе во 19. беше 2:0. Во финишот на мечот Еуромилк уште еднаш погоди за убедлива победа од 3:0.

Еуромилк има 24 бода на петтата позиција на табелата во Втората лига Запад и има 7 бода помалку од лидерот Гостивар.

Зајас е претпоследен со 12 бодови и е на прагот да испадне од лигата.

Најново во Фудбал