Не траеше многу и не донесе ништо

Заврши кусата и бурна авантура на Јесилова во Брегалница

Јуксел Јесилова не траеше долго во Брегалница и турскиот тренер веќе си замина од Штип, со празни ветувања, оставајќи го клубот со фенерот в рака во Првата Лига

објавено: 3 ноември 2016 - 13:19

Јуксел Јесилова не траеше долго во Брегалница и турскиот тренер веќе си замина од Штип, со празни ветувања, оставајќи го клубот со фенерот в рака во Првата Лига.

Сега веќе поранешниот тренер на Брегалница утринава пристигнал на тренинг и се поздравил со играчите, со информација дека си заминува. Во стилот, дојди, види, истешај се и замини си.

Турскиот тренер стаса во Штип помпезно, а си замина со слаби резултати и со две тепачки. Прво се истепа со старото раководство, а потоа го нападна и својот играч Костов.

Против Вардар во недела на клупата на Брегалница ќе биде Здравко Цветановски.

Најново во Фудбал