Прилепчани останаа без тренер

Здравјето пред се - Бубања си замина од Победа

Славољуб Бубања си замина од Прилеп и веќе не е тренер на Победа, а причината според изјавата на Црногорецот е неговото здравје

објавено: 13 март 2018 - 13:39

Славољуб Бубања си замина од Прилеп и веќе не е тренер на Победа, а причината според изјавата на Црногорецот е неговото здравје.

„Си заминувам од здравствени причини. И посакувам на Победа се најдобро и им благодарам на сите во клубот и на навивачите за поддршката и за шансата да го водам клубот“, вели Бубања во изјава за „Македонски спорт“.

Победа бие битка за опстанок во Првата лига, па раководството на клубот итно треба да најде решение, како замена за Бубања до сабота за кога е закажан мечот со Работнички во рамки на 24. коло од домашната лига.

Најново во Фудбал