Фудбалот во втор план на Могила

Жешко е во Прилеп, три исклучувања за половина час на мечот Победа - Македонија Ѓ.П.

Неочекувано жешко е во Прилеп на стадионот во Могила, каде играат Победа и Македонија Ѓ.П., а по само половина час има три исклучувања

објавено: 21 мај 2017 - 17:17

Неочекувано жешко е во Прилеп на стадионот во Могила, каде играат Победа и Македонија Ѓ.П., а по само половина час има три исклучувања. Во 24. минута во „клинч“ влегоа Карчески и Стојковски, па двајцата добија црвени картони, а само 6 минути подоцна директен црвен картон доби Цветановски, па гостите од Скопје останаа со 9 фудбелари во поле.

Во меѓувреме во 27. минута Александсар Ристевски и донесе предност на Победа од 1:0, а потоа и Ристе Илијовски постигбна погодок за 2:0 за Победа по првиот дел.

Најново во Фудбал