НОВИОТ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „РОМАНТИЧАРИТЕ“

Жикица Тасевски тргна со Работнички (ФОТО)

Веќе беше објавено дека Жикица Тасевски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на прволигашкиот фудбалски клуб Работнички со опција за продолжување на соработката и за подолг период доколку се задоволни двете страни.

објавено: 10 октомври 2018 - 16:18

Тасевски започна да ги води првите тренинзи со играчите, помошници му се Јован Јованов и Томислав Франц.

Претходно поради лошите резултати си замина Ѓоре Јовановски од тренерската клупа, па Тасевски заедно, повторно со Јованов, и Франц кој е стандардно во тимот ќе се обидат да го вратат Работнички на победничките патеки.

Моментно во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) после девет кола се наоѓаат на шестото место со 11 бодови.

После репрезентативните обврски ќе продолжи шампионатот, а „романтичарите" својот следен натпревар ќе го имаат на 21. октомври на гостински терен против Ренова од 14:30 часот.

На последниот прволигашки меч, Работнички ремизираше на Чаир против Шкупи. Од клубот очекуваат дека оваа промена на тренерската позиција да биде дополнителен импулс и за фудбалерите и тимот да се врати на позициите кои му припаѓаат.

Најново во Фудбал