КАКО ТРГНАЛЕ ЌЕ ИМА СТРУМИЧКО ДЕРБИ ВО ПРВАТА ЛИГА

Зимската петка за посилна Беласица (Фото)

Беласица станува се повисока пречка за ривалите во Втората Лига Исток, а струмичани речиси сигурно од следната сезона ќе гледаат градско дерби. Постариот градски клуб денеска ги претстави петте зимски засилувања

објавено: 16 јануари 2018 - 18:30

Беласица станува се повисока пречка за ривалите во Втората Лига Исток, а струмичани речиси сигурно од следната сезона ќе гледаат градско дерби. Постариот градски клуб денеска ги претстави петте зимски засилувања предводени од познатите Горан Здравков и Горан Пашовски.

Здравков пристигна од Брегалница во редовите на лидерот во Втората Лига Исток, а го предводи „штипското“ трио со Александар Василев и Томе Јанев, кои се враќаат од Брегалница во Беласица.

Голманот Пашовски е искусен прволигашки чувар на мрежата и ќе биде големо засилување, а од Прилеп, од редовите на Победа пристигна талентираниот Мартин Мирчевски

Најново во Фудбал