ЛЕГЕНДАТА НА ЛИВЕРПУЛ ЗА ПРВ ПАТ ВО УЛОГА КАКО ТРЕНЕР

Џерард: Вториот гол ни даде големо олеснување

Стивен Џерард го имаше дебито на клупата на Ренџерс, а најголемо задоволство му е што неговиот тим победил без да прими гол

објавено: 12 јули 2018 - 23:47

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард за прв пат беше во улога на тренер и тоа против македонскиот тим Шкупи, во рамките од првото коло од квалификациите за Лигата на Европа. Џерард е задоволен бидејќи неговиот Глазгов Ренџерс победи со 2:0. 

По средбата, Џерард потенцираше дека Ренџерс бил подобар тим на теренот, но и дека има и втор меч на кој треба да се доврши започнатата работа. 

„Победивме, а успеавме да ја сочуваме нашата мрежа, што значи дека и добро сме се бранеле. Дадовме втор гол во последната минута и тоа ни дава поголем комфор и олеснување. Ја контролиравме играта во поголемиот дел од мечот. Се работи за прв меч во сезоната и мора да бидам задоволен. Сепак има и втор меч и треба да го одработиме добро“, рече веднаш по вечерашната средба, Џерард.

Најново во Фудбал