Лош е билансот за македонските екипи, не и за црвено-црните

Една е и вредна е - Вардар по „скалпот“ на ЦСКА, сака победа и против Зенит (Видео)

Вардар по вторпат ќе игра со руска екипа во европските купови, а спомените од летото 2003 година се прекрасни за „црвено-црните“, по елиминацијата на ЦСКА Москва

објавено: 12 септември 2017 - 11:02

Вардар по вторпат ќе игра со руска екипа во европските купови, а спомените од летото 2003 година се прекрасни за „црвено-црните", по елиминацијата на ЦСКА Москва.

Вистинска сензација се случи на првиот меч на гостински терен, кога вардарци со 2:1 го победија рускиот гигант. Влатко Грозданоски и Дош Сантош Вандаир со по еден гол ја шокираа Москва, а го доведоа до делириум Скопје и Македонија.

Пред реваншот во главниот град вриеше, а атмосферата кулминираше по прекрасната акција, што со израмнувачки гол ја круниса сега покојниот Оливеира. Вардар ремизираше во реваншот, 1:1 и мина понатаму, а потоа во незаборавен двомеч немаше среќа и беше елиминиран од Спарта Прага.

Освојувањето на Москва е единствен успех на македонска против руските екипи, а вкупниот биланс е 1-4-3.

Најново во Фудбал