Опасно поскапеа цените, а „црвено-црните“ немаат избор

Едно чудо пари за мечот со Зенит - Вардар ќе плати 35 илјади евра за користење на „Арената“

Македонскиот првак Вардар ќе плати огромна сума на пари, или некаде околу 35 илајди евра за да игра на националната арена „Филип Втори“ за мечот со Зенит задутре во рамки на Европа Лигата

објавено: 12 септември 2017 - 16:06

Македонскиот првак Вардар ќе плати огромна сума на пари, или некаде околу 35 илјади евра за да игра на националната арена „Филип Втори" за мечот со Зенит задутре во рамки на Европа Лигата.

Ова е речиси двојно поскапо од претходно, а „црвено-црните“ се фатени во тесно и немаат избор. Ниту еден друг стадион во Македонија не ги задоволува стандардите за оваа фаза во која е Вардар, кој е првиот наш претставник во Европа Лигата. 

Вардар ако сака да ги игра и домашните натпревари на Арената, ќе мора да плати трипати поскапо од лани. Од мепч во минатата сезона тарифата беше некаде околу 1.100 евра, а во иднина ќе биде по 3 илјади евра, што е големо поскапување. 

Задолжени за стопанисување се луѓето од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката. 

Најново во Фудбал