ИГРАЧОТ КОЈ ГО САКААТ СИТЕ СЕЛЕКТОРИ

Елмас: Секогаш гледам да го дадам максимумот за Македонија

Чудото од фудбалер сега е дел од селекцијата на Македонија до 19 години, а игра и за У-21 и за сениорите

објавено: 2 ноември 2017 - 14:45

Елиф Елмас уште еднаш докажува дека е фудбалер кој го сакаат сите селектори во македонскиот фудбал. Тинејџерот кој има само 18 години, сега е дел од селекцијата на македонија за играчи до 19 години. Претходно тој беше и на репрезентациите У-19 и сениорите. 

„Секако дека на моменти ми доаѓа тешко да се адаптирам секаде и во секое време, но јас лично гледам секогаш да го дадам максимумот за Македонија" вели Елмас. 

Нашиот најголем талент чека да дојде јануари, за да може и официјално да биде промовиран во член на првито тим на Фенербахче. Иако не може да игра за сениорите на фенербахче, Елмас постојано има репрезентативни повици.

Селекторот на сениорите Игор Ангеловски го имаше на располагање за мечот против Италија, потоа селекторот Милевски за мечот против Србија, а сега е и на списокот на селекторот на У-19 репрезентацијата, Вујадин Станојковиќ.

„Јас, како млад играч, секако дека имам потреба да се адаптирам на одреден тим или на соиграчите. Секако дека тоа што менувам толку селекции е тешко, но е и предизвик. Од друга страна, пак, јас секогаш гледам на нештата позитивно, секогаш гледам да го дадам максимумот за репрезентацијата на Македонија. Така ќе биде секогаш. Секогаш сум достапен за националниот дрес", вели Елиф Елмас.

Најново во Фудбал