Има и пореномирани екипи од нашиот првак што испаднаа

Евертон, Херта, Хофенхајм.... ја делат судбината на Вардар

Познатиот англиски премиерлигаш Евертон, потоа и Бундеслигашите Херта и Хофенхајм се меѓу екипите со солидно реноме во Европа, што нема да ја дочекаат зимата во еврокуповите, исто како и нашиуот дебитант Вардар

објавено: 23 ноември 2017 - 23:12

Познатиот англиски премиерлигаш Евертон, потоа и Бундеслигашите Херта и Хофенхајм се меѓу екипите со солидно реноме во Европа, што нема да ја дочекаат зимата во еврокуповите, исто како и нашиуот дебитант Вардар.

Евертон вечерва претрпе дебакл од 1:5 на домашен терен против Аталанта и со само еден бод на пет меча се прости од настапите во фазата по групи.

Херта прокоцка шасна да остане во игра до последната рунда, закажана за 7. декември, а поразот од Атлетик Билбао ја чини елиминација. Германците водеа на двапати во Билбао, со 1:0 и со 2:1, но дозволија пресврт и со пораз од 2:3 се простија од Европа.

Хофенхајм загуби на гостувањето кај Брага со 1:3 и нема шанси да биде меѓу првите две екипи во Ц групата што обезбедија пласман понатаму.

Резултати и табели по групи (Со болдирани букви се обележани екипите што одат понатаму):

Група А - Астана - Вилјареал 2:3, Макаби Тел Авив - Славија Прага 0:2.

Вилјареал 11, Славија 8, Астана 7, Макаби 1

Група Б - Партизан - Јанг Бојс 2:1, Скендербег - Динамо Киев 3:2.

Динамо 10, Партизан 8, Скендербег 5, Јанг Бојс 3.

Група Ц - Брага - Хофенхајм 3:1, Лудогорец - Басахшехир 1:2

Брага 10, Лудогорец 8, Басахшехир 5, Хофенхајм 4

Група Д - Милан - Австрија 5:1, АЕК - Риека 2:2

Милан 11, АЕК 7, Риека 4, Австрија 4

Група Е - Лион - Аполон 4:0, Евертон - Аталанта 1:5

Аталанта и Лион по 11, Аполон 3, Евертон 1

Група Ф - Шериф - Злин 1:0, Локомотив Москва - ФК Копенхаген 2:1

Шериф 9, Локомотив 8, Копенхаген 6, Злин 2

Група Г - Плзен - Стеауа 2:0, Лугано - Хапоел Бер Шива 1:0

Стеауа 10, Плзен 9, Лугано 6, Хапоел 4

Група Х - Келн - Арсенал 1:0, Бате Борисов - Црвена Звезда 0:0

Арсенал 10, Црвена Звезда и Келн по 6, Бате Борисов 5.

Група И - Салцбург - Гимареш 3:0, Коњаспор - Марсеј 1:1

Салцбург 11, Марсеј 7, Коњњаспор 5, Гимареш 4.

Група Ј - Остерсундс - Зорија 2:0, Атлетик Билбао - Херта 3:2

Остерсундс 10, Атлетик 8, Зорија 6, Херта 4

Група К - Лацио - Витезе 1:1, Ница - Зулте Варегем 3:1

Лацио 13, Ница 9, Зулте Варегем 4, Витезе 2

Група Л - Зенит - Вардар 2:1, Розенборг - Реал Сосиедад 0:1

Зенит 13, Реал Сосиедад 12, Розенборг 4, Вардар без бодови

 

 

 

 

Најново во Фудбал