БРАЗИЛЕЦОТ ГО ОДИГРА 100 НАТПРЕВАР ВО „ЦРВЕНО-ЦРНИОТ“ ДРЕС

Фелипе со гол го прослави јубилејот во Вардар

Помалку од две и пол години му беа потребни на офанзивецот да влезе во клубот „100“

објавено: 5 ноември 2017 - 16:33

Бразилскиот интернационалец во дресот на Вардар Хуан Фелипе, имаше тројна причина за славје денеска. Фелипе се радуваше на победата од 3:0 против Скопје, а Бразилецот беше стрелец на првиот погодок и тоа во јубилејниот 100 натпревар. 

Фелипе погоди во 43 минута и најави дека Вардар ќе ја прекине лошата серија во првенството. Офанзивниот играч дојде во македонскиот првак во летниот преоден рок во 2015 година. Досега има 75 меча во првенството, 14 во Европа, од кои шест во Лигата на Европа и осум во квалификациите од Лигата на шампионите. Има и 10 настапи во Купот на Македонија и еден во Суперкупот на Македонија. 

Бразилецот досега се радувал на 24 постигнати погодоци за Вардар. Неговиот договор со Вардар е до 2020 година. 

Најново во Фудбал