ХОЛАНДСКИОТ НАПАЃАЧ ИМАШЕ ГРИП, НО СЕПАК ЌЕ ИГРА ВЕЧЕРВА

Фенер го активира и Ван Перси за Вардар

Турскиот гигант ќе брка негатива од два гола против македонскиот првак

објавено: 24 август 2017 - 11:03

Првата ѕвезда на Фенербахче, Робин ван Перси најверојатно сепак ќе биде во стартниот тим на турскиот гигант, за вечерашниот реванш против Вардар, во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на шампиоите. 

Холандскиот голгетер не играше на првата средба во Скопје, кога Вардар победи со 2:0, а беше најавувано дека ќе го пропушти и реваншот. Ван Перси се жалеше на грип, но сепак, алармантната ситуација, а тоа е негативата од два гола, сепак ќе го натера некогашниот голгетер на Арсенал и Манчестер Јунајтед, да се најде на мегдан против Вардар.

Турските медиуми најавуваат дека токму Ван Перси е играчот кој треба да блесне и да го спаси турскиот гигант од испаѓање. 

Вардар во Скопје покажа дека знае како да се носи со фаовризираниот противник, па очекуваме дека вечерва од Истанбул, Вардар ќе се врати како учесник во групната фаза од Лигата на Европа, што би било најголем успех на една македонска екипа.

Најново во Фудбал