ОДЛУКИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФФМ

Вонредно собрание за измени во Статутот и избор на најдобрите во мак-фудбалот во декември!

Денеска на седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација е донесена одлука дека на 9. декември ќе има Вонредно собрание за измени и дополнување на Статутот во Охрид од 13:00 часот.

објавено: 9 ноември 2018 - 18:01

На денешната седница во „Куќа на фудбалот", Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одржување на вонредно Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

Вонредното Генерално Собрание на ФФМ за измени и дополнување на Статутот на ФФМ ќе се одржи на 9. декември 2018 година во Охрид.

Исто така, да додадеме уште дека на денешната седница е донесена одлука на 21. декември во Скопје да се случи изборот на најдобрите во македонскиот фудбал за 2018. година.

Најново во Фудбал