ВО ТРЕТАТА ЛИГА ЈУГОЗАПАД

ФК Црно Буки е хит во пелагонискиот регион!

Фудбалерите на Црно Буки ЗЛ предводени од искусниот Наум Љамчевски бележат одлични резултати и по четири одиграни кола имаат две победи, реми и еден несреќен пораз во третото коло од Октиси по 75 минути водство.

објавено: 18 септември 2018 - 18:00

Пред 500 гледачи на домашен терен ФК Црно Буки ЗЛ успеа со убедлив резултат 3:0 (0:0) со головите на А. Богдановски, Н. Черговски и Н. Најдовски да го совлада ФК Лакочереј.

Црно Буки е хит во пелагонискиот регион, го следат голем број на гледачи од цела Пелагонија, а најмногу од соседните села и од Демир Хисар.

На табелата во Третата лига Југозапад, Црно Буки ЗЛ е на третата позиција со седум бодови, колку што има и Сатеска на четвртото место, а водечки се Охрид (12) и Караорман (9).

Најново во Фудбал