Реакција на шампионот

ФК Вардар: Немаме можност за пренос, ако нема заинтересирана ТВ куќа од Македонија

Фудбалскиот клуб Вардар одговори на реакциите што кренаа прашина за ТВ преносот од првиот дуел меѓу Малме и македонскиот првак.

„Ние како гости немаме начин како да го реализираме преносот на овој натпревар доколку нема заинтересирана ТВ куќа од Република Македонија да го реализира овој проект, и секако финансиски да ги подмири обврските спрема организаторот на натпреварот, во овој случај домашната екипа на ФК Малме“ стои во дел од соопштението на ФК Вардар

објавено: 12 јули 2017 - 18:17

Фудбалскиот клуб Вардар одговори на реакциите што кренаа прашина за ТВ преносот од првиот дуел меѓу Малме и македонскиот првак.

„Ние како гости немаме начин како да го реализираме преносот на овој натпревар доколку нема заинтересирана ТВ куќа од Република Македонија да го реализира овој проект, и секако финансиски да ги подмири обврските спрема организаторот на натпреварот, во овој случај домашната екипа на ФК Малме" стои во дел од соопштението на ФК Вардар.

Во целост Ви го пренесуваме соопштението на ФК Вардар:

Почитувани,

Според правилата на ЕУФА секој клуб за својот домашен натпревар ги определува правата за ТВ пренос на натпреварот.

Ние како гости немаме начин како да го реализираме преносот на овој натпревар доколку нема заинтересирана ТВ куќа од Република Македонија да го реализира овој проект, и секако финансиски да ги подмири обврските спрема организаторот на натпреварот, во овој случај домашната екипа на ФК Малме.

Правата за ТВ пренос ги има единствено шведската медиумска куќа Viasat, која што ќе го пренесува натпреварот преку Viaplay.

Фудбалскиот клуб Вардар ќе врши текстуален пренос во живо (минута по минута) на официјалната веб страница на клубот.

Со почит, ФК Вардар

Најново во Фудбал