Македонскиот фудбалски талент Јани Атанасов е во фокусот на некогашниот италијански гигант Милан, дознава „Македонски спорт“. Играчот на Академија Пандев и еден од нашите најголеми надежи утре ќе има дополнителен мотив на дуелот против Англија, во Скопје, во меч од квалификациите за пласман на ЕП за играчи со 19 години.
Во улога на скаут на Милан доаѓа легендата на „росонерите“, Франко Барези. Некогашниот капитен на Милан треба да ги види квалитетите на Атанасов, кој веќе има преддоговор со лутиот ривал на „росонерите“, екипата на Интер.
Македонија нема шанса за пласман на ЕП, но Атанасов има дополнителен мотив за утре да се докаже пред еден од најдобрите дефанзивни фудбалери во светот, во неговата генерација.