ПО СРАМНИТЕ СКАНДИРАЊА НА ИГРАЧИТЕ НА ШКЕНДИЈА

Гачевски распали по Муслиу: Вардар е Македонија!

„Не ти е срам, ти си еден голем срам од човек без душа, ти заборави дека Вардар те направи репрезентативец....“, е само дел од обраќањето на голманот на Вардар кон неговиот поранешен соиграч

објавено: 19 април 2018 - 09:00

Шкендија вчера славеше против Вардар со 3:2 во Скопје и на тој начин само потврди дека ќе биде новиот првак на Македонија. Тетовчани на теренот покажаа дека имааат квалитет да го симнат Вардар од тронот, но сепак се посрамотија по дуелот. 

Крајно примитивен беше начинот на кој играчите на Шкендија решија да ја прослават титулата и тоа во соблекувалната на Вардар. „Ајде Вардар пуши ми го ку.от“ скандираа гостинските играчи. Ваквото однесување на гостите посебно го налути голманот на Вардар, Филип Гачевски, кој му се обрати директно на неговиот некогашен соиграч, а сега играч на Шкендија, Висар Муслиу. 

„Висар Муслиу“ те гледам на инстаграм ставаш видео Вардар Вардар пуши ми го пуши ми го к.... Не ти е срам, ти си еден голем срам од човек без душа, ти заборави дека Вардар те направи репрезентативец, ти кога дојде во Вардар не си постоел на мапа, срам голем за тебе со браниш бои за репрезентација...

ГОСПОД е голем и Вардар е институција - запамти Вардар е Македонија“, напиша Гачевски на својот фејсбук профил.

Најново во Фудбал