РАБОТНИЧКИ ИМ СЕ ВРАТИ НА ТРЕНИНЗИТЕ ВО СКОПЈЕ

Гофри уште една година меѓу „романтичарите“

Нигерискиот напаѓач кој изминатата сезона настапуваше како позајмен од албанскиот Скендербег останува уште една година во тимот од Градскиот парк со кого има потпишано нова позајмица

објавено: 4 јули 2018 - 12:10

Со по два закажани тренинга со кои полека тимот ќе влегува во порелаксиран тренажен процес до квалификацискиот меч од првата рунда во Лига Европа, против унгарскиот Хонвед, закажан за 12 јули во Скопје на теренот во СЦ „Петар Милошевски".

ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА НИГЕРИЕЦОТ Е ШПЕКУЛАЦИЈА

Најавите од соседна Албанија дека екипата на Скендербег ќе ги повлече своите позајмени играчи, меѓу кои и Нигериецот Чарлс Гофри од Работнички ја вознемирија екипата на македонскиот претставник во Лига Европа.

Гофри ги мина подготовките со „романтичарите" во Словенија каде беше стрелец на еден од трите постигнати голови и тоа на последниот меч со Домжале (1-1). Ситуацијата ја расчисти првиот човек на Работнички, претседателот Драган Поповски кој ваквите најави ги нарече обична шпекулација.

„Со Гофри по завршувањето на позајмицата потпишавме нова за уште една година соработка. Со тој нов договор е регистриран во ФФМ за нашиот клуб и тука нема ништо спорно. Од Скендергег никој не се јавил, ниту пак побарал такво нешто", вели Поповски.

Нигерискиот напаѓач ќе се најде и на списокот со приајвени играчи во УЕФА за двомечот со унгарскиот Хонвед. Рокот за испраќање на тој список е до 6 јули.

Најново во Фудбал