ТИМОТ НА АГИМ „ГАЗИ“ ВО СЛОВЕНИЈА

Гол и асистенција за Ибраими, Домжале во серија од осум победи

Екипата со најдобра форма во првенството, убедливо со 6:1 го победи Алуминиј 

објавено: 18 март 2018 - 20:34

Агим Ибраими и неговиот Домжале продолжуваат со победничката серија во првенството на Словенија. Македонскиот интернационалец даде еден гол, а имаше и асистенција во убедливата победа од 6:1 во дуелот против Ануминиј.

Ибраими даде гол во последната минута од мечот, кога го постави конечниот резултат, а претходно асистираше за погодокот на Бижјак. Домжале има осум победи во низа во првенството, односно од ноември минатата година, реди само радости и сега атакува на второто место каде е Марибор со 48 бодови, односно пет повеќе од Домжале. Лидерот Олимпија од Љубљана има 58 бодови. 

Најново во Фудбал