Нашиот репрезентативец пак игра одлично

Гол, па додавање - Џани асистира, Лидс победува

Лидс го фати веројатно и последниот воз за приклучок кон екипите кои бијат битка за пласман во баражот за влез во Премиерлигата, а голема улога со асистенција за победнички гол против Брентфорд имаше нашиот репрезентативец Езџан Алиоски

објавено: 24 февруари 2018 - 18:01

Лидс го фати веројатно и последниот воз за приклучок кон екипите кои бијат битка за пласман во баражот за влез во Премиерлигата, а голема улога со асистенција за победнички гол против Брентфорд имаше нашиот репрезентативец Езџан Алиоски.

По голот во минатото коло против Дерби, денеска Алиоски одлично му асистираше на Лијам Купер за единствениот погодок во 36. минута.

Лидс го победи Брентфорд, екипа која е директен конкурент за едно од четирите места за баражот. Лидс има 49 бодови на 12 кола до крајот на Чемпионшип и има пет бодови помалку од Бристол сити.

Најново во Фудбал