Пет проценти за навивачите на македонскиот шампион

Голем предизвик за навивачите на Вардар - За историскиот меч во Истанбул две и пол илјади билети за „црвено-црните“

Околу две и пол илјади билети им следуваат на вардарци за историскиот меч на најтрофејниот македонски клуб во Истанбул, против Фенербахче, што е голем предизвик за симпатизерите на „црвено-црните“ бои, да се исполни секторот за гостински навивачи на „Шукру Сарачоглу“ стадионот во Истанбул

објавено: 19 август 2017 - 14:20

Околу две и пол илјади билети им следуваат на вардарци за историскиот меч на најтрофејниот македонски клуб во Истанбул, против Фенербахче, што е голем предизвик за симпатизерите на „црвено-црните" бои, да се исполни секторот за гостински навивачи на „Шукру Сарачоглу" стадионот во Истанбул.

Интерес има кај фановите на Вардар, но дали ќе се искористат сите билети што следуваат, се уште е енигма. Капацитетот на стадионот во Истанбул е околу 50 илјади, а пет посто им следува на гостите од Скопје. Тие ќе им бидат на располагање на вардарци, а каква чќе биде поддршката во Истанбул на мечот што одлучува дали Вардар ќе биде првиот македонски клуб што играл во фаза по групи во Европа Лигата и воопшто во европските купови ќе видиме во четврток од 19,30 часот. За тогаш е закажан реваншот во Истанбул и втората битка од двомечот. Вардар има одлична предност од 2:0 по првиот меч во Скопје.

Најново во Фудбал