Капитенот има рецепт за ЛШ

Грнчаров: Вардар може против екипи како Розенборг, но далеку сме од Зенит и Реал Сосиедад

Вардар може да се носи со екипи од рангот на Розенборг, но сепак сме далеку за да играме рамноправно со подобри клубови од калибарот на Зенит и Реал Сосиедад. Штета што вечерва не победивме, бидејќи бевме подобри од Норвежаните“, вели капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров

објавено: 8 декември 2017 - 00:11

Вардар може да се носи со екипи од рангот на Розенборг, но сепак сме далеку за да играме рамноправно со подобри клубови од калибарот на Зенит и Реал Сосиедад. Штета што вечерва не победивме, бидејќи бевме подобри од Норвежаните", вели капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров.

Вардар пропушти убава шанса победнички да го заврши историското учество во Европа Лигата, а ќе жали за шансите против Розенборг, екипа која успеа да извлече бод во Скопје, со реми, 1:1.

„Заслуживме да победиме, бидејќи во целина имавме повеќе шанси. Направивме една грешка и Розенборг не казни. Да не беше тој кикс во финишот на првиот дел не гледам како ќе ни дадеа гол. Игравме доста офанзивно и покажавме дека Вардар може во Европа да се носи со екипи каква што е Розенборг. Сепак далеку сме од Зенит и Реал Сосиедад. Ако сакаме да играме во Лигата на шампионите ќе мора да се вложи трипати повеќе“, вели „шестката“ на Вардар.

 

Најново во Фудбал