МАЛИОТ МАКЕДОНЕЦ СЕ НАОЃА ВО ЛИОН

Херојот Јане снима реклама за УЕФА со легендарните Фиго и Абидал

Младиот Јане Велковски се наоѓа во Лион како дел од рекламната кампања "Equal Game" како еден од проектите на УЕФА

објавено: 15 мај 2018 - 18:13

Јане Велковски, малиот херој од Македонија се наоѓа во Лион и учевствува во снимањето на новата реклама на УЕФА како дел од кампањата „Equal Game". Утре вечер во истиот град ќе се одигра финалето од Лигата на Европа помеѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид. 

Велковски е специјален гостин на европската куќа на фудбалот, а во снимањето на оваа реклама учевствува заедно со легендарните Луис Фиго и Ерик Абидал.

Велковски беше во улога на голман на овој ревијален меч во мал фудбал. 

Најново во Фудбал