Двете освежувања блескаа во составот на Реал Сосиедад

Хуанми: Бевме многу подобри од Вардар

Хуан Мигуел Хименез Лопез и Андони Горосабел Еспиноза беа вистински освежувања во составот на Реал Сосиедад, вчера против Вардар, а Шпанците повторно рутински го совладаа нашиот првак

објавено: 3 ноември 2017 - 11:54

Хуан Мигуел Хименез Лопез и Андони Горосабел Еспиноза беа вистински освежувања во составот на Реал Сосиедад, вчера против Вардар, а Шпанците повторно рутински го совладаа нашиот првак.

Хуанми, како што скратено го нарекуваат Лопез, постигна и гол и тоа водечкиот за клубот од Сан Себастијан, а постојано беше опасен по противничкиот гол.

„Задоволен сум од победата, важни ни беа бодовите и треба да продолжиме победнички во ист стил. Знаевме дека сме подобри од Вардар и знаевме дека ќе се бранат. Сепак успеавме да славиме, а добро е за нас што Зенит не победи во Трондхајм“, изјави Хуанми.

Горосабел повторно против Вардар одигра 90 минути, а 21-годишното момче имаше огромен придонес во дефанзивата на Реал Сосиедад, која за 180 минути игра и во0 Скопје и во Сан Себастијан не прими гол од Вардар. 

„Мило ми е што тренерот има се повеќе доверба во мене. Се надевам дека возвратив со добри настапи, и секако ќе се трудам да играм уште подобро. Бевме многу подобри од Вардар и ја остваривме целта, односно најважното од се, ги освоивме бодовите“, рече Горосабел.

 

Најново во Фудбал