ПОРАДИ ОГРОМНИОТ ИНТЕРЕС

И Блок 6 на Југ е за Вардар, гостинските навивачи ќе бидат на Исток

УЕФА дозволи фановите на Копенхаген да бидат сместени на источната трибина, па автоматски се отвори уште еден блок за симпатизерите на македонскиот првак

објавено: 25 јули 2017 - 11:48

Полн ќе биде стадионот вечерва за дуелот Вардар - Копенхаген. Интересот е огромен, билети има се помалку. Токму поради ова, Вардар успеа да издејствува, уште еден дополнителен Блок на стадионот. 

Првичниот план беше на Јужната трибина, на Блок 6 да бидат сместени гостинските навивачи на Копенхаген. Сепак, поради големиот интерес и по барање на Вардар, УЕФА дозволи, симпатизерите на гостите да бидат преселени на Исток. 

Со овој потег, автоматски се отвора Блок 6 да биде за навивачите на Вардар. Тоа значи дека цел Југ ќе биде „црвено-црн“, а дополнителна помош ќе има и од два блока на Западната трибина. Гостите ќе бидат на Исток, а Север е затворен поради подготовките за Суперкупот на Европа, кој се игра на 8 август. 

 

Најново во Фудбал