Допатува во нашиот главен град

И лапнавме бод на Италија и дресот на Кјелини допатува во Скопје (Фото)

Поранешниот познат македонски голман Јорде Георгиевски го доби дресот на Џорџо Кјелини како подарок од нашите репрезентативци, веднаш по пристигнувањето во Скопје

објавено: 7 октомври 2017 - 21:17

Поранешниот познат македонски голман Јорде Георгиевски го доби дресот на Џорџо Кјелини како подарок од нашите репрезентативци, веднаш по пристигнувањето во Скопје.

Георгиевски е еден од најголемите навивачи на Јувентус, а Кјелини кој е столб на одбраната на „Старата дама“, вчера ни ја затресе мрежата во Торино, за предност на Италија од 1:0. Сепак благодарение на одличната акција во вториот дел, во 77. минута, во италијанскиот триаголник Несторовски-Пандев-Трајковски, последниот со прекрасен удар израмни на 1:1. Со тоа освоивме голем бод против Италија, а благодарение на Адис Јаховиќ кој го смени дресот со Кјелини, им го „лапнавме“ и дресот на стрелецот за „аѕурите“. 

 

Најново во Фудбал