НЕМА КОЈ ДА ГИ СОПРЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Ибраими и Хусмани до деветта победа по ред со Домжале

Благодарение на голот во 89 минута, гостите славеа со 2:1 во дуелот против Кршко

објавено: 31 март 2018 - 19:04

Агим Ибраими и Зени Хусмани продолжуваат со доминацијата во првенството на Словенија. Двајцата македонски интернационалци ги одиграа сите 90 минути за гостите, кои славеа со 2:1. За Домжале ова е девета победа по ред во шампионатот на Словенија. 

Интересно е што Кршко поведе со погодокот на Ејуп, но Ибричиќ од пенал израмни по сами шест минути игра. И кога се мислеше дека нема да има победник на дуелот, во 89 минута, резервистот Хоџиќ погоди за победа на Домжале. кој останува на третото место во првенството со 46 бодови, дури 12 помалку од лидерот Олимпија. 

Најново во Фудбал