„БАГЕРОТ“ ПРОРАБОТУВА КОГА СЕ БИРА ПРВИОТ ЧОВЕК ВО ФФМ

Ич не е лесно да се стигне до најплатената спортска фотелја

Откако почна процесот на осамостојување на мак-фудбалот, ниеден избор на претседател во најмоќната и најбројната спортска асоцијација не одел мазно, па напомош биле повикувани луѓето од „ вип-ложите"

објавено: 24 август 2018 - 16:15

Игрите и бркотницата на гласови почнаа со Иванов, продолжија со Арнаудов, Хаџиристески и Ѓорѓиески, а на ред е најновата епизода во кога улогите на главните јунаци допрва треба да им се поделат.

Мак-фудбал и се е можно. Најважната споредна работа е една од најпрофитабилните дејности во светот, па и во Македонија, но кога станува збор за федерацијата, но не и за клубовите кои од сезона во сезона ги има се помалку и со поголеми проблеми, а инфраструктурата каде се игра и тренира е се полоша...Клубовите неможат да си платат котизација од по неколку илјади евра за да ја почната сезоната, па се молат да добијат привилегија да плаќаат на рати. Ваквата грда клупска слика не важи за „куќата на фудбалот". Убава зграда, спортски комплекс со терени... Оваа асоцијација годишно менаџира најмалку по неколку милиони евра, добиени пари од ФИФА и УЕФА под мотото за развој на играта. Големата фудбалска слика сепка се гледа во целина, а не поединечно.

За жал не се развива фудбалот, ама се подобруваат стартегиите како да се избере лицето кое ќе ги менаџира фудбалските пари. А, не се мали. Во последниве шест години, станавме и земја каде претседателската функцијаво федерацијата е дебело платена. Затоа се води голема борба на „зелената маса" секогаш кога почнува да се игра претседателскиот меч.

ПОСЛЕДНАТА ПРЕТСТАВА СЕ ОДИГРА ПОД РЕФЛЕКТОРИ

Да се стане претседател на ФФМ ич не е лесно. Треба добро да се натопат дресовите, а нив актерите ги имаат повеќе. Ако не моди на теренот се покренуваат и поддржувачите од вип-ложите кои се најредовните гости на трибините кога се игра звучен натпреавр. „Багер дипломатијата" врши голема работа. На високите летни температури за да им биде малку полесно на теренските работници, последната претседателска престава ја закажааза под рефлектори.Прв ваков претседателски меч, но можеби и не последен. Во ФФМ од полноќ до зори се кршеа копја со колку кандидати да се оди на избор за наследник на Илчо Ѓорѓиоски кој си поднесе оставка уште на 19 јули.

На крајот кога единствениот прифатен кандидат од Комисиите на ФФМ, актуелниот делегат Сашко Тасев кога го фатило дремка се согласил да се повлече од играта и да и олесни на „фудбалската влада" со консензус да го одложи Вонредното изборно Собрание закажано за 1 септември.
Со тоа им е дадена шанса во оваа игра да влезат и поранешниот прв човек, Харалампие Хаџиристески кој пред шест години му ја одстапи фотелјата на Ѓорѓиоски, како и на колегите на претседателот во оставка, тренерите Влатко Костов и Вујадин Станојковиќ.Но, за да заиграат напомош треба да им дојдат правните фудбалски експерти и да го дополнат фудбалскиот устав – Статутот за да не загубат пак службено. Делегатите никогаш не биле и нема да бидат проблем да го кренат „зелениот картон" и на крајот се да помине регуларно.

ФИФА И УЕФА РЕДОВНО СЕ ЗАКАНУВААТ, НО НА КРАЈ АПЛАУДИРААТ

Познати се овие игри за луѓето од Нион и Цирих, седиштата на Европската и Светската фудбалска асоцијација (УЕФА и ФИФА) кои се донаторите за мак-сцената. Ова е проблем во континуитет со појавувањето на мак-фудбалот меѓународната сцена. 

Ги бранат, но на крајот секогаш им аплаудираат на новоизбраните. Кога ќе видат дека делегатите, главно исти луѓе, кои лесно ги менуваат дресовите, бидејќи јавна тајна е оти гласаат за себе да си ги зачуваат привилегиите и финансиите, а не за тоа кој ќе биде претседател. Кога ќе се уверат дека делегатите се „за" гостите немаат што да забележат. Се е демократски во мак-фудбалот !?

Најново во Фудбал