Вардар да ја избегне судбината на Гетеборг

Имаат 27 елиминации во 28 двомечи - По загубен прв дуел во Европа, Фенер светнал силно само еднаш

Фенербахче вечерва ќе го игра 220. меч во европските купови, а Вардар се надева дека нема да биде само вториот клуб што бил елиминиран од турскиот гигант, по добиен прв меч. Скопјани имаат одлична предност од 2:0

објавено: 24 август 2017 - 16:00

Фенербахче вечерва ќе го игра 220. меч во европските купови, а Вардар се надева дека нема да биде само вториот клуб што бил елиминиран од турскиот гигант во реваншот, по добиен прв меч.

Скопјани имаат одлична предност од 2:0 и ќе сторат се да не му останат во пријатни спомени на турскиот клуб. Фенер само еднаш светнал силно во дури 28 двомечи во Европа, во ситуација кога го загубил првиот дуел. Само против Гетеборг во сезоната 1998/99, Фенербахче успеа да ја анулира негативата и со победа од 1:0 мина понатаму, иако на првиот меч загуби со 1:2. Тоа се случи пред цели 19 години и е прв и единствен случај во клупската историја на Фенербахче со позитивен исход. А, Турците имаат 28 такви двомечи и кога го загубиле првиот дуел секогаш испаѓале.

Тоа е вистински раритет, што му конвенира на Вардар, но „црвено-црните“ сепак треба да одиграат на терен и вечерва во пеколната атмосфера на „Шукру Сарачоглу“. Реваншот почнува во 19,30 часот.

 

 

Најново во Фудбал