ВРАЌАЊЕ НА ФУДБАЛОТ ПО ПАУЗА ОД 22 МЕСЕЦИ

АДЕМИ: Никој не може да ми ги врати двете години, но...

„Убеден сум, и никој не може да го промени тоа дека штом добијам право на настап, ќе бидам спремен за игра! Пред мене се два месеци сериозни тренинзи со екипата. Само го молам Господ да ми даде здравје и верувам дека веднаш, од почетокот ќе играм фудбал кој го играв и порано. Можеби и подобро од порано"- порачува нашиот интернационалец.

објавено: 8 август 2017 - 16:30

На само неколку денови пред да им се врати на тренинзите и на професионалниот фудбал, а по пауза од 22 месеци, на прв поглед, Аријан Адеми изгледа дека „пука од сила", имате впечаток дека само чека некој да го катапултира на теренот, да го пушти од ланецот, и тој ќе го направи она преостанатото.

А во едно мега интервју дадено за хрватскиот „СН", македонскиот интернационалец ги кажува своите очекувања.


„Како се чувствувам? Ги бројам деновите, ги 'бришам' на календарот, само чекам да дојде првиот тренинг. Што сум поблиску до тоа, така нетрпението расте. Како го замислувам првиот тренинг? Ма, само сакам да излезам на теренот и да тренирам со соиграчите, ништо друго "- вели Адеми.

Тешко е да се вратиш после две години неиграње. Но Адеми постојано беше физички активен, практично ниту еден ден без тренинг?

„Нон-стоп бев во спортот, играв тенис, падел, почнав нешто и со кик-бокс. Играше еден спорт, ќе се потрошиш, па преминуваш на друг, така ја држев физичката спрема. А кога ми ја тргнаа суспензијата, тогаш почнав со сериозни тренинзи. Дополнително работев на физичката подготовка, на превенција од повреди. Поради сето тоа сум голем оптимист".

Две години надвор од фудбалот, се чини дека тоа е предолг временски рок. Казната на УЕФ делува нешто по кое е доста тешко да се вратиш назад во игра?

„Загубив две години од кариерата, можеби и најдобрите играчки години и тоа никој да не може да ми го врати. межутоа не размислувам повеќе за тоа, затоа што кога размислуваш, тое те убива. Гледам само кон иднината. Загубив доста фудбалски, но ја 'наполнив главата'. Ме задоволуваат некои други работи во животот. Поставуваш поинакви цели, цениш некои ситни работи кои претходно не се ги почитувал. Најмногу напредував психички, со оглед на тоа дека сето ова не ме уби, јако ме засили. Запознав и нови луѓе, нови пријатели, созреав како човек, и тоа е, на крајот на краиштата, најголемата добивка".

Признава дека во овој за него исклучително тежок период, не гледал „во живо" ниту една домашна средба на неговиот Динамо.

„Тоа е точно. не доаѓав на натпреварите затоа што мислам дека не смеев да бидам на стадионот. Тие правилници по тоа прашање не се доволно јасни, па не мислевме да го предизвикуваме ѓаволот. Затоа воопшто не доаѓав на стадионот. Ги гледав мечевите на ТВ, иако на почетокот ми беше доста тешко да го правам тоа. Не можеш да бидеш таму, а знаеш дека до вчера си играл со нив, а сега не можеш да бидеш ни блиску до нив. Се чувствуваш многу бедно"- вели Адеми, со забелешка дека ја чувствува подршката на клубот на секој чекор.

По две години пауза не е воопшто лесно да се биде оној истиот како од тие претходните?

„Убеден сум, и никој не може да го промени тоа дека штом добијам право на настап, ќе бидам спремен за игра! Пред мене се два месеци сериозни тренинзи со екипата. Само го молам Господ да ми даде здравје и верувам дека веднаш, од почетокот ќе играм фудбал кој го играв и порано. Можеби и подобро од порано".

А кои се оние амбиции кои сега стојат пред Адеми. Сонува ли уште за трансфер во некој странски клуб, заминување во посилна лига?

„Можеби порано тоа беше и мој кикс, што никогаш не се летав по тие приказни за трансфери. Кога заиграв за Динамо, за мене тоа беше врвот, само сакав да играм за Динамо, ништо повеќе. Навистина, сакам да останам овде до крајот на кариерата и да играм што е можно подобар фудбал. Колку што можам подобро. Воопшто не размислувам за било каков трансфер. Ќе играм до 40. години, сега така се чувствувам. не ми е гриќа каде и какво ќе бид евремето. Додека можам да одам, макар и на една нога, само сакам да играм фудбал"- вели Адеми кој за неколку часови ќе го одработи својот прв тренинг со „модрите" од Загреб, по 22 месеци пауза.

Со среќа Аријан!

 

Најново во Фудбал