НАШИТЕ ВО ЛИГА ЕВРОПА КУПОТ

Адеми „пожолте" ама Динамо победи во Трнава

Стефан Ристовски со Спортинг поразени од Арсенал, егал за Елмас и Фенер, и За Тричко со АЕЛ Ларнака...

објавено: 25 октомври 2018 - 21:18

Динамо од Загреб игра одлично оваа есен на европската сцена. „Сините„ ја забележаа и и третата победа во третиот меч од Групата „Д" на УЕФА Лигата на Евроша.

Славеа со (2:1) на гостувањето во Трнава против Спартак Трнава. Натпревар во кој сите 90 минути за гостите ги одигра и Аријан Адеми, и во текот на вториот дел доби жолт картон
Дербито на групата „Е" се играше во Лисабон, каде лндонски Арсенал славеше со минимални (1:0).

Стефан Ристовски го одигра првото полувреме од овој натпревар кој го реши Дани Велбек во 77. минута. Нашиот дефанзивец беше принудно заменет на паузата поради повреда на тетивата.
Цел натпревар пак за Фенербахче одигра и нашиот млад репрезентативец Елиф Елмас. Во дуелот од истата група, турскиот тим одигра само (2:2) на гостувањето против Андерлехт.
Во оваа група Динамо Загреб е во водство со 9 бода, а на второто место е Фенербахче со 4 бода,

Иван Тричковски го одигра целиот натпревар за АЕК Ларнака кој во Групата А пред своите навивачи одигра без победник (1:1) со бугарски Лудогорец. Токму нашиот фудбалер го изнуди пеналот, по кој Кипраните изедначија. Во вториот меч од оваа група Цирих славеше против Баер Леверкузен со 3-2.

Најново во Фудбал