ПРВ МАКЕДОНЕЦ КОЈ СЕ ЗАКИТИ СО ТИТУЛА СЕЗОНАВА

Адеми: Сезоната беше тешка, но заврши онака како што посакувавме

Веднаш после враќањето од суспензијата, Македонецот дојде до нова титула во Хрватска, и тоа како капитен на Динамо

објавено: 14 мај 2018 - 16:00

Подобро враќање на терените и не можеше да посака. Аријан Адеми во септември минатата година му се приклучи на својот Динамо, откако му мина суспензијата од две години поради допинг скандалот во Лигата на шампионите. 

Динамо Загреб изминатиот викенд ја врати титулата на „Максимир“ после една година пауза. Задоволството е огромно, а нивниот капитен Адеми напоменува дека ова за нив била тешка сезона. 

„Ова беше исклучително тешка сезона за нас, но се заврши онака како што посакувавме. Ја освоивме титулата, и сега останува максимално професионално да ги одработиме овие два натпревари, а потоа да се свртиме и кон финалето во Купот на Хрватска. Секако дека сакаме двојна круна“, изјави Адеми. 

Тој е првиот Македонец оваа сезона кој што ја обезбеди шампионската титула. Шанса за такво нешто имаат уште малкумина. Николов и Спировски се борат во Унгарија, а прилика за шампионски пехар има и Стефан Ристовски во Португалија. Минимални и теоретски шанси има и Елиф Елмас со Фенербахче. 

Најново во Фудбал