ПРЕД УТРЕШНИОТ РЕВАНШ, РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ СО ПОСЕБЕН МОТИВ

Адеми: Силно посакувам да се вратам во ЛШ

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми по три години повторно може да заигра во групната фаза во Лигата на шампиони.  

објавено: 27 август 2018 - 20:06

По три години Аријан Адеми повторно може да заигра во групната фаза во Лигата на шампиони. За Динамо Загреб играше во 2015 година, но поради суспензијата потоа немаше право на настап. Последните натпревари му беа против Арсенал во Загреб и Баерн во Минхен.

„Силно посакувам да се вратам во Лигата на шампион“, изјави Адеми, кој утре со својот Динамо на домашен терен го играат реваншот мечот против Јанг Бојс. Првиот дуел заврши без победник 1-1.

Македонскиот репрезентативец ги искорментира и најавите од Швајцарија. Гостите веруваат дека лесно ќе дојдат до позитивен резултат кој ќе ги однесе во групната фаза.

„Ако нека не потценуваат, тоа го направија од Хапоел и од Астана, но сите ги елиминиравме. Тие не потценуваат, а ние поминуваме и газиме“, e полн со оптимизам е капитенот на Динамо, кој оваа сезона постигна два гола. 

 

Најново во Фудбал