По двата убедливи порази има смена на кормилото

Адеми со нов тренер во Динамо - Јурчевиќ е наследникот на Цвитановиќ

Аријан Адеми и неговите соиграчи од Динамо загреб имаат нов тренер, а кормилото по оставката на Марио Цвитановиќ го презеде Никола Јурчевиќ

објавено: 12 март 2018 - 19:50

Аријан Адеми и неговите соиграчи од Динамо загреб имаат нов тренер, а кормилото по оставката на Марио Цвитановиќ го презеде Никола Јурчевиќ.

По двата катастрофални порази од 1:4 против Риека и Локомотива Загреб, Цвиртановиќ си замина, а експресно популарните „модри“ го ангажираа Јурчевиќ.

За него ова е второ искуство како тренер на Динамо, токако беше на клупата на најтрофејниот хрватски клуб во сезоната 2003/04.

Се очекува утре попладне Јурчевиќ и официјално да биде промовиран како нов тренер на Динамо, екипа која е лидер во ХНЛ со 56 бода, шест повеќе од Хајдук.

Најново во Фудбал