ПО ЛАДНИОТ ТУШ ОД ЛОКОМОТИВА

Адеми збесна: Ова е трагично! Ако не успееме, тогаш сме предавници

Наместо заверка на титулата, Динамо Загреб на гостувањето кај Локомотива доживеа шок, беше поразен со 3-1.

објавено: 8 мај 2018 - 22:46

Наместо заверка на титулата, Динамо Загреб на гостувањето кај Локомотива доживеа шок, беше поразен со 3-1. Лошото издание на „модрите“, ја врати надежта во редовите на Ријека која по триумфот над Интер Запрешиќ (5:1) на две кола до крајот е на четири бода зад Динамо.

Капитенот на „модрите“ и македонски репрезентативец, Аријан Адеми не можеше да објасни што се случи со неговиот тим на вечерашната средба. За освојувањето на титулата рече:

„Не знам“, а потоа продолжи: 
"Ова е трагично, не знам што да кажам, секогаш истото се повторува, се будиме доцна, имаме шанси, секогаш е исто ... не знам што се случува. Разговаравме со соблекувалната, мора да се собереме, да го совладаме Рудеш и да ја освоиме титулата. Ако не го сториме тоа, тогаш сме предавници и лажеме самите".

 

Најново во Фудбал