НЕЗАДОВОЛЕН МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР ШТО НЕМАШЕ ПЕНАЛ

АДИС ЈАХОВИЌ: Каде е „ВАР“ технологијата?? (Фото)

Започна новата сезона во турската Суперлига, триумфално на стартот пред своите гледачи за Коњаспор над Ерзурум со 3:2.

објавено: 16 август 2018 - 10:00

За домашниот состав меѓу стартерите беше македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ кој не се запиша во листата на стрелците, настапи до 89. мин. кога беше заменет од Србинот Јевтовиќ.

Напаѓачот Јаховиќ во еден момент од дуелот беше сведок како во казнетиот простор на противникот еден од играчите ја допре топката со рака. Главниот судија имаше можност да ја погледне снимката, Јаховиќ беше убеден дека овде треба да има пенал, но таква одлука не беше досудена.

После мечот Јаховиќ сподели слика на социјалните мрежи каде што вели „Каде си ВАР технологија???".

Нашиот играч кој настапува во делот на нападот на секој меч е „гладен" за постигнување погодоци, овој пат не успеа, шансата ќе ја бара веќе во второто коло од шампионатот кога неговиот клуб ќе гостува кај Анталијаспор.

Најново во Фудбал