Титулите му се навика на македонскиот репрезентативец

Агим Ибраими е шампион на Казахстан со Астана

Агим Ибраими се навикна на шампионски титули, а од денеска е со нова круна, во Казахстан, со Астана. Иако не игра поради повреда, македонскиот репрезентативец се закити со нов пехар

објавено: 26 октомври 2016 - 16:45

Агим Ибраими се навикна на шампионски титули, а од денеска е со нова круна, во Казахстан, со Астана. Иако не игра поради повреда, македонскиот репрезентативец се закити со нов пехар.

Астана денеска одигра без голови против Окзтепеш и го освои бодот што недостасуваше за сигурна предбност од 4 бода на едно коло до крајот. Астана има 72 бода, 4 повеќе од Каират Алмати на едно коло до крајот на шампионатот.

Претходно со Марибор Ибраими има 5 шампионски титули во Словенија.

Најново во Фудбал