ГОЛ ЗА МАКЕДОНЕЦОТ ВО СЛОВЕНИЈА

Агим Ибраими го „скрши“ Кршко

Ова беше 4. гол во шампионатот на Словенија за македонскиот интернационалец кој што ќе игра со Домжале во квалификациите во ЛЕ

објавено: 20 мај 2018 - 18:59

Агим Ибраими беше стрелец на гол за Домжале во натпреварот против Кршко во денешното 34. коло во шампионатот на Словенија. Ова беше само уште една победа на овој тим, со оглед дека нема никакви шанси да се најде подоле или погоре на табелата. 

Ибраими го постигна третиот гол во триумфот од 3:1. Ова за него беше гол број 4. во словенечкиот шампионат, а зад себе има исто толку асистенции. 

Најново во Фудбал