Нашиот репрезентативец е во фокусот

Алиоски е ѕвезда во Јоркшир - Гостин во Би-би-си, па на „лаф муабет“ со навивачите на Лидс (Фото)

Езџан Алиоски се претвора во вистинска ѕвезда на Лидс, а се почесто е гостин во ТВ и радио шоу програмите во Англија. Стаса на ред и реномираната Би-би-си со својата радио редакција за областа Јоркшир, каде нашиот репрезентативец беше гостин, а потоа следеше и фото-сесија со симпатизерите на Лидс

објавено: 7 декември 2017 - 08:30

Езџан Алиоски се претвора во вистинска ѕвезда на Лидс, а се почесто е гостин во ТВ и радио шоу програмите во Англија. Стаса на ред и реномираната Би-би-си со својата радио редакција за областа Јоркшир, каде нашиот репрезентативец беше гостин, а потоа следеше и фото-сесија со симпатизерите на Лидс.

Ова му е трето гостување во последните десетина дена во некоја од програмите на англиски јазик, а по радио емисијата на Би-би-си следеше „лаф муабет“ со навивачите на Лидс и делење автограми.

Алиоски летово од Лугано пристигна во Јоркшир во редовите на Лидс и по 20 кола е прв стрелец во тимот со 5 погодоци. Нашиот репрезентативец е и меѓу најдобрите асистенти во тимот со 3 прецизни додавања кон соиграчите, по кои имаше погодоци. Лидс бие битка за пласман во Премиерлигата, а засега е на осмото место со 30 бодови.

Најново во Фудбал