За неполна минута откако влезе во игра

Алиоски експрес го враќа Лидс во игра за бараж

Езџан Алиоски експресно постигна гол за Лидс, само што влезе во игра како резерва, а неговиот тим е на прагот на победа против Дерби

објавено: 21 февруари 2018 - 22:29

Езџан Алиоски експресно постигна гол за Лидс, само што влезе во игра како резерва, а неговиот тим е на прагот на победа против Дерби.

Алиоски го замени Ернандез во 79. минута и веднаш погоди во истата минута, што е одличен ефект за нашиот репрезентативец.

Лидс од негатива, успеа со два гола да направи пресврт и во самиот финиш води со 2:1 против четвртопласираната екипа во Чемпионшип Лигата.

Најново во Фудбал