И ВО НОВИОТ КЛУБ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ТРЕСЕ МРЕЖИТЕ

Алиоски го постигна деби голот за Лидс (Видео)

Македонскиот репрезентативец погоди во пријателскиот меч против Еибар

објавено: 23 јули 2017 - 18:40

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски почна да дава голови и во дресот на Лидс. Офанзивниот играч кој пред неколку дена го официјализираше договорот со англискиот тим, погоди на пријателскиот меч против Еибар. 

Популарниот Џани влезе како резерва и во 73 минута погоди за намалување на 2:3.

За Алиоски ова беше втор меч во дресот на Лидс и прв погодок. Тој дојде од швајцарскиот Лугано каде беше еден од најдобрите играчи. 

Најново во Фудбал