НОВ ГОЛ ЗА НАШИОТ ГОЛГЕТЕР

Алиоски го затресе Мидлсборо (ВИДЕО)

Нашиот репрезентативец ја погоди мрежата на гостинската екипа и во 55 минута од играта му донесе сигурни 2:0 за Лидс...

објавено: 19 ноември 2017 - 15:50

Езџан Алиоски постигна уште еден погодок во англискиот Премиершип. Нашиот репрезентативец беше стрелец на вториот гол за Лидс во дуелот со Мидлсборо, со кој го удвои водството на домашната екипа. 

Алиоски убаво реагираше во 55. минута од играта на овој натпревар во кој Лидс има сигурни 2:0.

Претходно, во 25.минута, резултатот го отвори Eрнандез...

 

 

Најново во Фудбал