Нов проблем за Лугано

Алиоски се повреди на тренинг, ќе го прескокне гостувањето во Лихтенштајн?

Езџан Алиоски веројатно ќе го пропушти гостувањето во Лихтенштајн, што е уникатна авантура во швајцарското првенство и нема да игра за Лугано против Вадуз, во недела

објавено: 25 ноември 2016 - 11:52

Езџан Алиоски веројатно ќе го пропушти гостувањето во Лихтенштајн, што е уникатна авантура во швајцарското првенство и нема да игра за Лугано против Вадуз, во недела.

Поради обновената повреда на скочниот зглоб, офанзивецот на Лугано веројатно ќе добие одмор. Ова за него требаше да биде првото гостување во Вадуз, тим од Лихтенштајн кој се натпреварува во Првата швајцарска лига.

Повредата на Алиоски не е сериозна, но му треба и одмор по пеколниот распоред за него, од почетокот на новата сезона.

Вадуз игра на „Рајнпарк“ арена, стадион на кој како домаќин настапува и репрезентацијата на Лихтенштајн. Оваа селекција е следен противник на Македонија во март, но Алиоски сигурно нема да биде во составот во Вадуз на 24. март, бидејќи има два жолти картони, што значи дека му следува автоматска суспензија од еден натпревар. 

Најново во Фудбал