НОВО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Алиоски со најдобриот гол на колото во Чемпионшип (ВИДЕО)

Лидс има одличен старт во новата сезона и моментно е на првото место на табелата што секако на крајот води директно во Премиерлигата, но има уште многу натпревари да се одиграат.

објавено: 27 август 2018 - 11:27

На последниот дуел избраниците на менаџерот Биелса триумфираа убедливо против Норич со резултат 3:0, а свој придонес имаше и Езгјан Алиоски со постигнување на вториот погодок во 26. минута од средбата.

Твитер профилот на „Чемпионшип" го препозна овој одличен удар на македонскиот репрезентативец и го прогласи за најдобар гол на колото.

Вкупно 10 додавања, 19 допири, погледнете ја мајсторијата на Алиоски. Уживајте:

Најново во Фудбал