МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОГОДИ ВО АНГЛИЈА

Алиоски со втор гол за Лидс во првенството (Видео)

Популарниот Џани погоди во 67 минута за 1:1 во дуелот со Брентфорд

објавено: 4 ноември 2017 - 20:06

Езџан Алиоски повторно погоди за Лидс во англискиот Чемпионшип. Нашиот репрезентативец успеа со глава да ја затресе мрежата на Брентфорд и да израмни на 1:1 во 67 минута. 

По еден центаршут, домашниот голман направи грешка и ја испушти топката од рацете. тоа го искористи Алиоски и со глава од околу 10 метри биеше во празната мрежа.

За популарниот Џани ова е втор погодок во втората англиска лига, во 14 негов настап.

 

Најново во Фудбал