И покрај повредата на скочниот зглоб популарниот Џани играше

Алиоски стисна заби, асистираше, но Лугано настрада во Лихтенштајн

Езџан Алиоски одигра цел меч за Лугано и покрај повредата на скочниот зглоб, а неговиот клуб мина „како бос по трња“ и загуби катастрофално со 1:5 од Вадуз. Алиоски беше асистент за единствениот погодок на гостите

објавено: 27 ноември 2016 - 15:50

Езџан Алиоски одигра цел меч за Лугано и покрај повредата на скочниот зглоб, а неговиот клуб мина „како бос по трња" и загуби катастрофално со 1:5 од Вадуз. Алиоски беше асистент за единствениот погодок на гостите.

Во 73. минута Езџан му креираше гол-шанса на Маријани, а овој погоди за намалување на 2:1 во тој момент. Сепак Вадуз умешно ја користеше предноста од еден играч повеќе по исклучувањето на Агире и ја наполни мрежата на Лугано. 

Алиоски и соиграчите се во лош тренд и имаат „црна“ серија од 9 меча без победа.

Најново во Фудбал