Се уште го чека првиот гол за Лидс

Алиоски: За публиката во Англија вреди да се игра фудбал

Голема е разликата меѓу Швајцарија и Англија, особено ова се однесува на поддршката од публиката и за масовноста на стадионите. Им благодарам на симпатизерите на Лидс што ме поддржуваат, а јас ќе се трудам да играм се подобро, вели Алиоски

објавено: 16 август 2017 - 09:00

Голема е разликата меѓу Швајцарија и Англија, особено ова се однесува на поддршката од публиката и за масовноста на стадионите. Им благодарам на симпатизерите на Лидс што ме поддржуваат, а јас ќе се трудам да играм се подобро, вели македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, за радио Лидс на „Би-Би-Си“.

Со бурен аплауз во 63. минута од дуелот со Фулам, гледачите на „Иланд Роуд“ во Лидс го испратија популарниот Џани во соблекувалната. Алиоски одигфра нешто повеќе од еден час камко стартер за Лидс во дуелот со Фулам.

„Да, за нив вреди да се игра фудбал. Кога ќе ги погледнеш трибините и ќе ја почуствуваш атмосферата не ти треба поголем мотив за игра. Тешка е Чемпионшип лигата, мора да даваш максимум на секој меч и во напад и во одбрана, но јас сакам предизвици и верувам дека на секој нареден меч ќе бидам се подобар“, додава Алиоски.

Тој летово како еден од најдобрите играчи во швајцарската Прва лига, од Лугано се пресели во Лидс. Екипа која има убава традиција, а има и амбиции да се врати во најсилната англиска лига, во Премиерлигата. Алиоски е стартер на првите три меча за новиот клуб, а Лидс забележа една победа и двапати играше без голови. Се уште го чека својот прв погодок во Англија,па следна шанса е дербито од четвртото коло со ланскиот прволигаш Сандерленд.

 

 

Најново во Фудбал