Изненадување во Нови Сад во режија на фенерџијата

Амановиќ запиша гол против Војводина, Јавор не е отпишан

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ го постигна вториот гол во дресот на Јавор во новата сезона од српското првенство, а фенерџијата од Ивањица приреди првокласна сезнација со победа од 3:0 против Војводина во Нови Сад

 

објавено: 9 декември 2017 - 14:53

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ го постигна вториот гол во дресот на Јавор во новата сезона од српското првенство, а фенерџијата од Ивањица приреди првокласна сезнација со победа од 3:0 против Војводина во Нови Сад.

Стоперот на нашата селекција до 21 година стрелаше прецизно во 53. минута за предност на гостите од 2:0, а сензацијата ја комплетираа Миотошевиќ и Крниќ.

За Јавор играше и 22-годишниот Филип Ристовски, а кај домаќините Даниел Аврамовски остана на клупата за резерви.

Најново во Фудбал