Успех за нашата најдобра фудбалерка

Андонова ќе игра четвртфинале во ЛШ со Розенгард

Наташа Андонова одигра нешто повеќе од половина час за Розенгард во реванш мечот со Славија Прага, што шведскиот шампион рутиснки го доби со 3:0 и со вкупен резултат од 6:1 се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите

објавено: 17 ноември 2016 - 09:58

Наташа Андонова одигра нешто повеќе од половина час за Розенгард во реванш мечот со Славија Прага, што шведскиот шампион рутиснки го доби со 3:0 и со вкупен резултат од 6:1 се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Најдобрата македонска фудбалерка влезе во игра во 55.минута, кога веќе беше јасно дека Розенгард ќе оди понатаму. Резултатот беше 3:0, а Андонова, која играше како стартер на првиот меч во Прага, овојпат доби поштеда и не беше меѓу првите 11 играчи во реваншот.

Ждрепката за четвртфиналето во женската ЛШ е закажана за 25. ноември во Нион. Розенгард по петти пат во последните 6 сезони се пласира меѓу осумтте најдобри екипи во Европа.

Најново во Фудбал